СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Еквадор во невозможна мисија

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Германија славеше на двете пресметки со Еквадор, со 4-0 во групната фаза од СП 2006 и со 4-2 на пријателски меч одигран во мај 2013 година.

Германците се без пораз на последните десет средби во групната фаза од мундијалите на кои имале противници од Јужна Америка (седум победи, три реми).

Ако Еквадор не даде гол со Германија, ќе стане само втора селекција од Јужна Америка во мундијалската историја што не постигнала ниту еден гол на еден светски шампионат (Боливија е единствена со ваков неславен рекорд, и тоа во 1930 и во 1950 година).

Четири од последните пет меча на Курасао завршија со најмалку четири постигнати гола. Исклучок е оној последниот, кога Курасао ремизираше 0-0 со Еквадор.

Шведска ја нема минато групната фаза на последните четири светски шампионати на кои има учествувано.

Швеѓаните никогаш не загубиле од ривал од Азија на светските првенства (две победи и едно реми).

Јапонија е без пораз на последните четири мундијалски средби (две победи  и две реми). Само Јужна Кореја од азиските селекции има подолга серија без пораз на светските првенства (шест меча, од СП 1998 до СП 2002).

Јапонија е без пораз на последните четири мундијалски средби против ривали од Европа (две победи, две реми).

Холандија забележа четири победи и едно реми на петте мундијалски пресметки со ривали од Африка. Тунис од друга страна има само една победа на 13-те дуели на СП со противници од Европа (четири реми и осум порази).

Австралија никогаш не загубила од Парагвај (две победи, три реми), но последниот дуел на овие селекции беше во мај 2010 и заврши со триумф на „кенгурите“ од 1-0.

Американците имаат максимални шест бода по првите две рунди, но оваа селекција никогаш досега не врзала три победи во низа на мундијалите.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...