СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Меси, Модриќ и Перишиќ испишуваат историја

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Хрватска е без пораз на последните четири средби на СП против ривали од Африка (три победи и едно реми.

Лука Модриќ и Иван Перишиќ ќе испишат историја како стартери на 20 мундијалски средби за Хрватска доколку бидат избрани меѓу првите единаесетмина од страна на селекторот Златко Далиќ.

Гана нема постигнато гол во првите полувремиња од последните девет натпревари на оваа репрезентација.

Англија и Панама имаат одиграно само еден меѓусебен дуел, на СП 2018 што заврши со триумф на Англија од 6-1.

Само два од последните осум меча на англиската репрезентација завршија 3+.

Португалија нема загубено во мундијалската групна фаза од ривали од Јужна Америка (две победи и едно реми).

Колумбија постигна гол по 75. минута на четири од своите последни пет натпревари.

Ако прими три гола и од Конго, Узбекистан ќе стане втора репрезентација во историјата што на своето мундијалско деби примила по најмалку три погодоци на секој одигран натпревар на СП (по Нов Зеланд во 1982 година).

Аргентина има само еден пораз на мундијалите од ривали од Азија, на последното СП од Саудиска Арабија со 1-2.

Ако постигне гол вечерва, Меси ќе стане прв во историјата што бил стрелец на седум мундијалски мечеви во низа.

Ниту еден од досегашните 31 натпревар на Австрија на СП не завршил 0-0.

Австрија славеше со 2-0 над Алжир на СП 1982, единствен мундијалски дуел на овие две селекции. Тоа воедно беше и последниот натпревар на кој Австрија не прими гол на светските првенства.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...