СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Шкотска е омилен ривал на „кариоките“

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

БиХ има само една победа на последните осум одиграни средби во рамките од 90 минута (пет реми два порази). Меѓу нив и ремито со Македонија на мечот одигран во Сараево во пресрет на овој мундијал.

На последните пет натпревари на Катар беа покажани вкупно пет црвени картони.

Швајцарскиот селектор Јакин настапуваше како играч на единствениот досегашен меѓусебен дуел меѓу Канада и Швајцарија, меч одигран во 2002 година во кој славеше Канада со 3-1.

Канада никогаш досега не се пласирала во нокаут фазата од светско првенство, но Канаѓаните се многу блиску да стигнат до ваков успех без оглед на исходот од вечерашниот дуел со Швајцарија.

Последните три мундијалски пресметки меѓу Бразил и Шкотска завршиле со победи на „кариоките“, со вкупна гол-разлика 7-2.

Бразил никогаш не играл повеќе натпревари со некој ривал, а да нема претрпено пораз отколку што е тоа случај со Шкотска (десет меча, осум победи на Бразил, две реми).

Мароко се наоѓа во фантастична серија од 31 меч без пораз (26 победи и пет реми).

Хаити досега има примено десет гола на светските првенства, девет од нив во првото полувреме.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...