Спадафора: За да нема погрешно толкување, фудбалот мора да ги почитува мерките на владата

Италија нема експресно да ги повлече мерките за заштита од коронавирусот, а фудбалот воопшто нема да биде повластен и побрзо да се активира за рестарт на Серија А. Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, на социјалните мрежи објави дека тој не мисли само на фудбалот, туку и на сите други спортови во државата.

„Прочитав чудни нешта, но ништо не е сменето околу олабавувањето на мерките за заштита од коронавирусот за фудбалот во Италија. Тренинзите на фудбалските клубови нема да отпочнат пред 18 мај. Јас подеднакво се грижам и за вработените во останатите спортски центри (спортски сали, базени, центри за танцување) и имам желба да бидам отворени во најкус можен рок. Сите тие не се помалку вредни од фудбалските работници. Нашата грижа е за секој поединец насекаде ширум Италија, јас не сум министер за фудбал, туку министер за спорт“, напиша Спадафора на Фејсбук.

Дел од фудбалските клубови во Серија А најавија дека ќе се вратат со групни тренинзи во текот на оваа седмица, но тоа сепак нема да им биде дозволено.

 

 

Се вчитува...