Спалети: Сакавме да победиме, затоа загубивме од Сасуоло

Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава, на гостувањето кај Сасуоло. Тренерот Лучано Спалети причините за поразот ги гледа во премногу отворената игра во завршницата.

Очигледно беше дека Јувентус целосно се отвори дури и при резултат 2-2. Така, јунакот Василије Аџиќ имаше две сериозни шанси пред да го постигне голот во четвртата минута од судиското надополнување за триумф на домаќинот од 3-2.

„Создававме шанси, но во желбата да направиме пресврт, ја изгубивме рамнотежата. Боли, бидејќи тимот на крајот можеше и да победи. Заслуживме пресврт. Но, кога тргнувате во напад со осум играчи, оставате многу простор во одбраната“, изјави Спалети.

Се вчитува...