Спанулис успешно опериран, на терените се враќа следната година

Капитенот на Олимпијакос, Василис Спанулис е успешно опериран, по кинењето на лигаментите на десното стапало, пренесуваат грчките медиуми.

Легендарниот кошаркар се повреди на мечот со Армани, а операцијата се избегнуваше некое време. Сепак, на крајот од грчкиот тим одлучија Спанулис порано да ја заврши сезоната и проблемот да го реши со хируршка интервенција. Како што наведуваат од клубот, Спанулис ќе биде насочен кон опоравување наредниот период, а на теренот ќе се врати следната сезона.

Во 25 евролигашки натпревари, Спанулис во просек бележеше по 10,2 поени, надополнети со 5,1 скокови и 1,8 асистенции. Без услугите на својот капитен, клубот од Пиреа ќе има тешка задача да се пласира во плеј-офот од Евролигата, бидејќи во моментов се наоѓа единаесеттата позиција на табелата со скор од 14 победи и 15 порази.

Се вчитува...