Спарта убедлива во Ерменија, Селта падна во Кипар

Во првите натпревари од новата сезона во Лигата на Европа, Спарта Прага славеше убедлива победа на гостувањето во Ерменија.

Чешкиот тим со 4:1 славеше во дуелот со Арарат.

Гудал со два гола во првото полувреме ја најави победата на Спарта. Во 53-та минута Меркадо зголеми на 0:3, а две минути подоцна Вилсон Валдес го постигна единствениот гол за домаќините.

Конечниот резултат го постави Видра во 71-та минута.

На дуелот кој се играше во Никозија, екипата на Омонија со голот на Балковец во 88-та минута ја совлада Селта.

Се вчитува...