„Спартанците“ ги добија противниците во Европската сребрена лига

Романија, Албанија и Босна и Херцеговина ќе бидат противници на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022. За разлика од претходната сезона, натпреварувачкиот систем ќе биде лигашки, што значи дека во нашата група „Б“ ќе има шест кола, односно секој ќе игра со секого дома и на гости. Потоа, најдобрата репрезентација ќе обезбеди настап на завршниот турнир во Унгарија, а шанса ќе има и за второпласираната, но во зависностод расплетот во групата „А“. Во неа ќе има само три репрезентации, а покрај организаторотна завршницата Унгарија, во оваа конкуренција се Финска и Азербејџан.

По четири сребрени медали во досегашните седум настапи, македонската селекција ќе го почне осмиот на свој терен против Босна иХерцеговина. Во второто коло ќе одиме во Романија, потоа ќе се сретнеме со Албанија дома и кај нив, па ќе ги пречекаме Романците, а во последното коло ќе истрчаме кај босанскиот тим.  Во Европскатасребрена лига 2022, подобро реноме од нас има само Финска од која што ги губевме двата премиерни меча на континентлните шампионати во 2019-та и минатиот септември во Тампере. Негативен биланс имаме и со Романија против која последен пат игравме во квалификациите за Европското првенство во 2017-та, но пред тоа тие триумфираа над нас исто така во квалификациски и двапати во пријателски средби. Со Албанија и со Босна и Херцеговина имаме позитивен ефект, како и со Унгарија и со Азербејџан од другата група.

ЦЕВ Европска сребрена лига 2022

Група „Б“

1.коло (25 мај 2022)

МАКЕДОНИЈА – Босна и Херцеговина

Албанија – Романија

2.коло (28/29 мај 2022)

Романија – МАКЕДОНИЈА

Босна и Херцеговина – Албанија

3.коло (1 јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Албанија

Романија – Босна и Херцеговина

4.коло (4/5 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – Романија

Албанија – МАКЕДОНИЈА

5.коло (8.јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Романија

Албанија – Босна и Херцеговина

6.коло (11/12 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – МАКЕДОНИЈА

Романија – Албанија

***ЗАВРШЕН ТУРНИР – УНГАРИЈА (18 и 19 јуни 2022)

Се вчитува...