Шпанија ја победи Англија на „Вембли“ со 3-2 во првото коло од Групата 3 од А-Дивизијата во Лигата на нации.
Актуелниот светски шампион сега е непоразен во регуларните 90 минути дури 39 натпревари, што е нов рекорд.
Шпанија го започна натпреварот фуриозно и поведе уште 2во 2. минута. Марк Геј не забележа како Ламин Јамал му се приближува, кој ја искористи шансата и рутински го совлада Трафорд.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 26, 2026
Гостите можеа многу брзо да ја удвојат предноста, но Феран Торес двапати промаши, па казната дојде на другата страна.
Англија почна да го ослободува притисокот, а потоа изведе брилијантен контранапад. Џуд Белингам и Ентони Гордон одиграа одлична комбинација, а Гордон избега од шпанската одбрана и постигна гол за 1-1.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 26, 2026
Не требаше долго за нов пресврт. Хари Кејн постигна гол со глава на крајот од првото полувреме. Англија отиде на полувреме со водство од 2-1.
Домашните играчи добро го започнаа второто полувреме. Родри направи прекршок врз Белингам, а по интервенцијата на ВАР, Англија доби пенал. Кејн ја презеде одговорноста, но напаѓачот на Баерн се лизна при ударот.
Топката ја погоди пречката, а Кејн потоа беше казнет за двоен контакт со топката…
— OvoOno (@OvoOnoX) September 26, 2026
Шпанија доби нова енергија, а Ламине Јамал набрзо пропушти одлична можност за израмнување. Сепак, гостите не чекаа долго. Ник О’Рајли ја загуби топката, а резервистот Алекс Бена го искористи подарокот и постигна гол за 2-2.
До крајот се играше отворено, со шанси на двете страни, но квалитетот на Шпанија повторно излезе на виделина.
Во одлучувачкиот момент, Микел Ојарзабал брилијантно го префрли Трафорд и постигна гол за 3-2.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 26, 2026
Лига на нации, 1. коло од групата А3
Англија – Шпанија 2-3 (2-1)
Гордон 36, Кејн 40 – Јамал 2, Баена 61, Ојарзабал 74
Чешка – Хрватска 1-2 (0-0)
Карабец 54 – Модриќ 47, Пашалиќ 77
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
