Спектакуларен пречек за светските шампиони во Копенхаген (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници Данци излегоа на главниот плоштад во Копенхаген да ги поздрават светските ракометни шампиони предводени од Микел Хансен. Данскиот национален тим ја освои планетарната титула триумфирајќи убедливо во финалната пресметка над Норвешка и ги обедини светскиот и олимпискиот трофеј. За Данска, по три сребра ова е прва светска титула.

Лидерот на тимот и најдобриот играч на шампонатот, Микел Хансен пред илјадиците фанови го покажа и синчето кое има само 23 дена.

Забавата продолжи во ексклузивен клуб во главниот дански град.


 

Се вчитува...