Специјален тренинг за Алисон: Уживање со ‘принцезиња Хелена’

Бразилците се подготвуваат за четвртфиналната пресметка со Белгија која е закажана за в петок, во 20 часот на „Казањ Арена“, а селекторот Тите по триумфот (2-0) над Мексико во претходната фаза им дозволи на фудбалерите и моменти на релаксација. Тој организираше посебен тренинг, на кој „кариоките“ имаа можност да се дружат со своите семејства.

Голманот Алисон Бекер имаше специјален тренинг со едногодишната ќерка Хелена.

„Моменти на уживање со принцезиња Хелена. Ова ќе ни даде дополнителна сила за да бидеме најдобри во продолжението од Мундијалот“, истакна Алисон Бекер.

Се вчитува...