Специјални полициски сили ќе ги чуваат фудбалерите на Партизан во Албанија

Српскиот шампион Партизан денеска тргнува на пат за Елбасан, каде утревечер ќе го игра натпреварот од третото коло во групата Х во Лигата на Европа против албанскиот претставник Скендербег. Натпреварот е прогласен за ’меч од висок ризик’, а фудбалерите на гостинскиот тим ќе бидат под присмотра на специјалната единица „Ренеа“.

„Целата организација на патувањето, слетувањето на аеродром, сместувањето во Тирана, како и патувањето со автобус до Елбаасн ќе биде под посебна присмотра на албанската полиција и на специјалната единица „Ренеа“. Веруваме дека комплетното гостување ќе мине без никакви проблеми. На ист начин сакаме да го организираме потоа и реваншот во Белград, кога ќе ни гостува Скендербег“, изјави генералниот директор на Партизан, Милош Визура, за српските медиуми.

 

Се вчитува...