Спировски и Николов стрелаа, Ференцварош и Види Мол ремизираа (ВИДЕО)

Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Спировски и Бобан Николов се наоѓаат во голгетерска форма во пресрет на стартот на Лигата на Нации. И двајцата се запишаа во листата на стрелците на денешното големо дерби на унгарскиот фудбал меѓу Ференцварош и Види Мол (2-2).

Спировски го отвори резултатот во 14.минута, а Николов исто така го постигна првиот гол за Види Мол во 43.минута. На крајот, ремито се чини дека е најреален исход, а македонските интернационалци ги собраа аплаузите.

Се вчитува...