Спировски: На терен покажавме дека сме поквалитетни од Ерменија

Падна Ерменија во Скопје, Македонија стигна до втората победа во Лигата на нации, и сега ја има пол – позицијата во групата. Триумфот од 2-0 можеби не донесе најдопадлив фудбал, но остварен е многу значаен триумф против директниот ривал за првото место.

Македонските фудбалери потполно ја заслужија победата, имаа контрола над противникот во најголемиот дел од дуелот на „Филип Втори“. Играчот за врска, Стефан Спировски, вели дека Македонија покажа на теренот дека е поквалитетна селекција од Ерменија.

„Бевме подобар противник и заслужено победивме. Две победи без примен гол, покажавме дека сме поквалитетна селекција од Ерменија. Тие најавуваа борба за бодови, но, искрено, на теренот не прикажаа премногу, затоа што ние потполно ги „отсековме“. Поведовме во раната фаза од мечот, потоа игравме мудро, и чекавме шанса за втор погодок. Пандев погоди во вистински момент во второто полувреме, а потоа имавме шанси и за поубедлива победа“, изјави Стефан Спировски по триумфот над Ерменија.

Се вчитува...