Спировски стрелец за Ференцварош… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го постигна својот втор гол сезонава во дресот на унгарскиот Ференцварош.

Спировски погоди на гостувањето во 12. коло од шампионатот на Унгарија во кое неговиот тим славеше со 1-4 против Диошѓер. Спировски беше стрелец на третиот гол за гостите во 39. минута од средбата.

Со новите три бода Ференцварош дополнително се зацврсти на врвот од табелата со вкупно 27 бода, шест повеќе од второпласираниот МТК.

Се вчитува...