Англија е најновиот осминафиналист на СП 2026 откако по голема борба, со резултатски пресврт во второто полувреме успеа да слави над Конго со 2-1. Во главна улога беше Хари Кејн, голгетреот презеде одговорност кога беше најважно и со два гола го разбуди заспаниот џин, спречувајќи огромна сензација на стадионот во Атланта.
Мечот почна со шок за фаворитот, откако Коного поведе во седмата минута преку Чипенга. Англичаните се мачеа и до 30. минута немаа ниту еден удар кон противничкиот гол, до крајот на полувремето во опасни ситуации се најдоа Белингем (два пати) и Кејн, но африканскиот голман спречи израмнување. За одбележување е и спорниот момент пред крајот на полувремето, кога Кејн беше соборен од голманот, но судијата сепак реши да не покаже на белата точка.
Конго имаше стопроцентна шанса да даде и втор гол, но Виса се посрамоти, од пет метри шутирајќи само во дирекот од голот на Пикфорд.
Вториот дел донесе целосна англиска иницијатива, но и резултатски пресврт, Кејн покажа зошто важи за супер-голгетер, најпрвин со глава израмни на 1-1, потоа со маестрален удар со нога стрелаше за 2-1, одржувајќи го жив англискиот мундијалски сон.
Следен противник на Англичаните ќе биде ко-домаќинот Мексико, најсериозен испит на „гордиот албион“ во досегашниот дел од овој мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
