Спринтерските трки на 200 метри исфрлени од Дијамантската лига

Од 2020 година на митинзите на Дијамантската лига на стандардната програма нема да ги има трките на 200 метри. Покрај оваа спринтерска дисциплина, ИААФ реши да ги ифрли и троскокот, фрлањето диск како и трките на 3000 метри стиплчес. Асоцијацијата спроведувала истражување кое покажало дека натпреварувањата треба да бидат скратени на 90 минути телевизиски пренос. Од следната година ќе има по 12 дисциплини на секој митинг.

ИААФ ќе реши на кои од митинзите ќе има трка од 200 метри, веројатно на 10, додека само на два ќе има трискок и фрлање диск. Ниту една од овие дисциплини нема да биде застапена на финалето на Дијамантската лига во Цирих.

Првите реакции на ваквите одлуки дојдоа од актуелниот светски шампион на 200 метри, Американецот Ноа Лајлс како и британскиот спринтер, Адам Џемили. Двајцата ја осудија ваквата одлука.

 

 

 

 

 

Се вчитува...