Срамно: Ракометна легенда претепана од синот пред болница во Белград

Срамни сцени се случија во текот на денешниот ден пред една клиника во Белград, откако ракометната легенда Веселин Вуковиќ беше претепан од неговиот син.

Српските медиуми информираат за срамниот настан, кој се случил непосредно пред Специјалната болница за зависности на „Драјзеровата улица“. 65-Годишниот Вуковиќ не барал помош, но лица кои се нашле блиску до настанот спречиле да дојде до уште полоша завршница на овој случај.

Веселин Вуковиќ потоа одбил да му биде укажана лекарска помош, а против неговиот 35-годишен син е поднесена кривична пријава за семејно насилство.

Веселин Вуковиќ имаше извонредна ракометна кариера, како репрезентативец на Југославија освои златен медал на ОИ во 1984 година, а стана и светски првак две години подоцна. Во клупската кариера има две титули еврпоски првак, во 1985 и во 1986 година со Металопластика.

Како селектор на Србија тој успеа да стигне до второто место на ЕП 2012 година што се одржа во Белград.

Се вчитува...