СРАМОТА: Турам го плукна противникот во лице (видео)

Маркус Турам си остави црна дамка на сопственото и семејното фудбалско реноме (тој е син на прославениот Лилијан Турам) со срамното однесување на денешниот дуел меѓу Борусија Менхненгладбах и Хофенхајм.

Францускиот репрезентативец влезе во вербален конфликт со противничкиот играч Штефан Пош, при што ги загуби нервите и го плукна во лицето асот на Хофенхајм. По прегледувањето со ВАР на Турам веднаш му беше покажан црвен картон, а за очекување е тој да добие и долга суспензија од бундеслигашките терени.

Инцидентот се случи при резултат 1-1, а Борусија до крајот прими уште еден гол и го загуби натпреварот, за што главен виновник дефинитивно е Турам.

Се вчитува...