Србија без Милутинов против Холандија и Чешка

Српската кошаркарска репрезентација продолжува со проблемите пред првиот натпревар на Евробаскетот. „Орлите“ во текот на подготовките останаа без значајни играчи како Аврамовиќ и Бјелица, а нема да можат да сметаат на услугите на центарот Никола Милутинов на првите два меча од континенталниот собир.

Центарот на ЦСКА Москва поради вироза не отпатува со репрезентацијата во главниот град на Чешка и дефинитивно ги пропушта натпреварите против Холандија и Чешка.

Сепак добри вест за Србите се дека ќе биде во конкуренција за натпреварот против Финска кој ќе биде одигран во понеделник.

Се вчитува...