Србија без селектор – отказ за Тумбаковиќ

Српската репрезентација од денеска е без селектор откако на состанокот на Управниот Одбор при Фудбалскиот Сојуз на Србија беше изгласана недоверба во досегашниот кормилар Љубиша Тумбаковиќ. Исходот е апсолутно очекуван откако Тумбаковиќ не ја исполни зацртаната цел – пласман на ЕВРО 2021, по што српскиот национален тим е без настап на еден континентален собир во последните 20 години.

„Орлите“ беа многу блиску до пласман преку Лигата на Нации, каде се пласираа во големото финале и на домашен терен ја пречекаа Шкотска. Србија важеше за голем фаворит, но избраниците на Тумбаковиќ одиграа најслабо кога беше најважно, го загубија клучниот меч и останаа без билет за ЕП.

Имено на новиот селектор се очекува да биде објавено најдоцна до крајот на годинава, а главен фаворит за функцијата е поранешниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, кому главен ривал во трката му е поранешниот српски репрезентативец Саво Милошевиќ.

Се вчитува...