Србија доби нов селектор: Драган Стојковиќ – Пикси седнува на клупата на „Oрлите“

Легендата на српскиот фудбал, Драган Стојковиќ – Пикси  е нов селектор на репрезентацијата на Србија. Сите пречки за неговото заминување од Кина се надминати, а потврда за оваа информација доаѓа и од таборот на Српската фудбалска федерација.

Пикси го наследи Љубиша Тумбаковиќ на клупата на „Орлите“, а првите дуели на новиот селектор се следниот месец кога северниот сосед ќе се сретне со Ирска и Португалија во квалификациите за Светското првентво.

„Договорот е постигнат. Стојковиќ е новиот селектор на репрезентацијата на Србија. Преостануваат да се прецизираат уште неколку технички работи. Се ќе биде детално објаснето на конференцијата за медиумите на промоцијата која ќе биде следната недела“ – изјави потпретседателот на фудбалскиот сојуз на Србија, Марко Пантелиќ.

 

 

Се вчитува...