Србија добива стадион од 250 милиони евра, опозицијата предложи да се вика „Александар Вучиќ“

Фудбалската репрезентација на Србија ќе добие свој нов дом вреден 250 милиони евра.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на официјалната промоција истакна дека ќе се гради национален стадион со капацитет од 55.000 седишта кој ќе биде еден од најмодерните во светот, вреден 250 милиони евра.

Вучиќ, кој долги години раководи со земјата а постојано е на удар од опозицијата поради недемократското владеење, на промоцијата на новиот проект и иронично искоментира дека опозицијата предложила стадионот да го носи неговото име бидејќи тие се неспособни нешто да изградат.

Се вчитува...