Србија го понижи Порторико во Белград

Кошаркарската репрезентација на Србија продолжува со подготовките за Мундобаскетот кој од 25. август ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Српската репрезентација во белградската „Штарк арена“ вечерва го понижи Порторико совладувајќи го со неверојатни 110-75.

Уште во првото полувреме се виде големата разлика во квалитет, па Србите веќе на пауза имаа предност од огромни (65-25). Во вториот дел Светислав Пешиќ им даде шанса на сите кошаркари пријавени за овој меч, па до крајот неговите избраници само рутински го приведоа мечот за конечни 110-75.

Oгнен Добриќ со 23 поени беше прво име кај Србите.

 

Се вчитува...