Србија повторно без медал, веќе шест години без одликување на светските првенства во ватерполо

Репрезентацијата на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Фукуока.

Шпанците со 9-6 ја победија Србија во мечот за третото место, со што ја продолжија агонијата без медал за Србите на светските првенства која трае веќе шест години.

Алваро Гранадос со три гола беше најпрецизен кај селекцијата на Шпанија, а на спротивната страна, Страхиња Рашовиќ исто така постигна три гола.

За златото на Светското првенство 2023 во финалето ќе се сретнат Грција и Унгарија.

Се вчитува...