Србија преку Чешка до четвртфинале на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Србија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство откако вечерва со максимални 3-0 (25-21, 26-24 и 25-21) славеше над репрезентацијата на Чешка.

Србите одлично го стартуваа мечот и без поголем проблем го освоија првиот сет со 25-21. Чесите пружија вистински отпор во вториот сет, но и тоа не беше доволно да стигнат до него бидејќи и тој на крајот му припадна на противникот (26-24).

Во последниот трет сет Србија само рутински ја заврши работата со 25-21. Во четвртфиналето Србија го чека подобриот од последното осминафинале во кое се среќаваат Полска и Белгија.

Се вчитува...