Србија со понуда до Венгер да ја преземе фудбалската репрезентација?

Фудбалската федерација на Србија му го понудила местото селектор на репрезентацијата на легендарниот француски тренер, Арсен Венгер. Како што пренесуваат српските медиуми претседателот на федерацијата, Славиша Кокеза стапил во контакт со 72-годишниот Французин и му го понудил селекторското место.

Венгер се заблагодарил на понудата, но изјавил дека во моментов не е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на Србија. Од српската федерација се решени славно име да ја преземе репрезентацијата и воопшто нема да штедат пари за наследникот на Славиша Тумбаковиќ.

Новиот селектор на српската репрезентација ќе биде познат до 15. декември.

Се вчитува...