Србија со пресврт подобра од Кореја, останува во игра за 3. место во Групата А

Репрезентацијата на Србија со пресврт славеше против Кореја со 31-29 во 4. коло на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска по што остана во игра за третото место во Групата А.

Србите лошо го почнаа мечот дозволувајќи противникот изненадувачки да ја контролира играта и резултатот. Па, Корејците на полувреме имаа предност од два гола (14-16).

Сепак, во вториот дел за разигра Вукашин Воркапиќ кој се постигнати седум гола од исто толку обиди ја предводеше Србија до конечната победа.

Поради поразот на Русија од Бразил сега и Србија има шанса за третата позиција во групата, но само во последното коло слави против домаќинот Германија.

Се вчитува...