Србинката Ивана Вулета е нова светска шампионка во скок во далечина! (ВИДЕО)

Србинката Ивана Вулета, поранешна Шпановиќ, е нова светска шампионка во скок во далечина.

На шампионатот во Будимпешта, 33-годишната Вулета со скокови од 7,14 и 7,10 метри, двапати поставувајќи нов најдобар резултат на светот оваа година, целосно ја збриша својата конкуренција.

Втора заврши Тара Дејвис-Вудхол со скок од 6,91, додека трета беше Романката Алина Ротару со 6,88 метри. Ова е најголем успех во кариерата на Вулета, која досега имаше две злата од СП во сала, две европски злата на отворено, но никогаш на најпрестижно Светско првенство.

Нејзиниот личен рекорд и државен на Србија изнесува десет сантиметри повеќе од вечерашното најдобро остварување, 7,24.

Се вчитува...