Србинот Јокиќ се запиша меѓу „бесмртните“ во НБА: Најбрз „трипл-дабл“ во историјата!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се запиша во историјата на НБА лигата со најбрзиот „трипл-дабл“ било кога во најсилната лига на светот.

Центарот на Денвер на мечот против Милвоки за 14 минути и 33 секунди оствари двоцифрен учинок во три статистиски колони, запишувајќи 16 поени, 10 асистенции и 11 скока. На сето тоа дополнети и со две блокади и една украдена топка!

Покрај тоа, само тројца кошаркари во последните 35 години во НБА лигата успеале да запишат 30 поени, 15 скока и 17 асистенции во еден меч. Тоа се Лари Бирд, Џејмс Харден и од сега токму српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Јокиќ со најбрзиот „трипл-дабл“ успеа да го урне рекордот на легендарниот Џим Такер кој овој рекорд го постави во далечната 1955 година во дресот на Сиракуза националс. Сега по 63 години е рушен од еден од најдобрите европски кошаркари.

За Србинот ова беше вкупно 11-ти „трипл-дабл“ во кариерата, реализиран за нешто повеќе од 34 минути минати на паркетот. Денвер на крајот славеше против Милвоки со 134-123.

Се вчитува...