Србинот кој не се снајде во Ливерпул, сега е желба на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед покажува сериозен интерес за да го доведе во своите редови Марко Грујиќ, српскиот репрезентативец кој настапува во редовите на Порто. Информацијата ја пренесуваат неколку српски и англиски медиуми, тврдејќи дека Грујиќ се наоѓа високо на листата со желби на Ерик тен Хаг во обидот да изврши мини-ремонт во средниот ред во текот на летниот преоден рок (најавени се заминувања на Мектоминеј, Фред и Сабицер).

Грујиќ е член на Порто од 2022 година кога потпиша од Ливерпул за 12 милиони евра, откако Србинот две години претходно настапуваше за оваа екипа на позајмица од англискиот гигант. Тој беше доведен во Ливерпул од страна на Јирген Клоп во 2016, но Грујиќ никогаш не успеа да се наметне кај германскиот стратег, што на крајот резултираше со негово заминување од „Енфилд“.

Квалитетите на српскиот интернационалец се неспорни, за неговите услуги се интересира и италијанскиот првак Милан, но прашање е дали заинтересираните тимови се подготвени да платат 35 милиони евра, колку што бара Порто за Грујиќ.

Се вчитува...