Србите од 1 јуни дозволуваат и навивачи на трибините

Навивачите во Србија ќе можат да се вратат на трибините од 1 јуни, информираат медумите кај северниот сосед. Ова е најновата одлука на Кризниот штаб кој ги регулира мерките за пандемијата со коронавирусот. Тоа значи дека фудбалското првенство на Србија ќе продолжи со присуство на публика, но под услов фановите да држат потребна дистанца од најмалку еден метар.

Суперлигата на Србија ќе се врати на 29 мај, кога Црвена Звезда веќе би можела да ја обезбеди шампионската титула на Бањица, а веќе во следното коло ќе може и да го прослави освојувањето на пехарот со навивачите на стадионот „Рајко Митиќ.

Ова значи дека и турнејата на Новак Ѓоковиќ на турнирот „Адрија тур“ ќе биде со присуство на публика.

 

Се вчитува...