Србите прокоцкаа предност од +16, и загубија во драматичен меч од Италија

Репрезентацијата на Србија го доживеа првиот пораз на Светското првенство 2023. Србите сами си дозволија пораз од Италија, од 76-78 во повеќе од драматичен натпревар, во кој имаа неверојатна предност од +16 поени во третиот период од играта, но со невиден пад дозволија да загубат планирани бодови.

Србите имаа комплетна контрола на играта се до средината на третиот период од играта. На полувремето заминаа со предност, а низ првите пет минути од третата четртина дојдоа и до предност од 60-44. Но, потоа следеше потопот.

Италија со неверојатна серија во финишот на третата четвртина дојде пред последниот период до 62-59. Датоме низ одлична серија го водеше својот тим, која продолжи и во последната четвртина, па Италијанците дојдоа до изненадувачка победа од 76-78.

Победничкиот тим беше предводен од извонредниот Фонтекио кој го заврши мечот со 30 поени. Бојан Богдановиќ кај Србија заврши со 18 постигнати поени, а Добриќ запиша 15 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...