Сребрен олимпиец се допингувал со лек за женска неплодност!

Американецот Крис Кревелинг, освојувач на сребрен медал во штафетата на 5.000 метри во брзо лизгање на Олимписки игри во Сочи, суспендиран е на четири години по позитивниот наод на допинг тестот.

Необично во целиот случај е што американскиот олимпиец во октомври минатата година бил позитивен на кломифен. Тоа е супстанца која се користи за лекување на женска неплодност, но може да послужи и за зголемување на количината на тестостерин, а со тоа носи и подобри резултати на патеката.

Откаоко и вториот наод покажал присуство на недозволената супстанца, американскиот лизгач е суспендиран од настапите. Кревелинг ја прифати суспензијата без да поднесе жалба. Неговата суспензија ќе истече на 18 октомври 2020 година.

На ОИ во Сочи во 2014 година, Крис Кревелинг беше член на американскиот тим кој го освои сребрениот медал во трката на 5.000 метри.

Се вчитува...