Манчестер сити успеа да ги освои посакуваните три бода на гостувањето против Вулверхемптон во 8. коло од Премиерлигата, благодарание на среќен гол буквално во последните секунди од средбата.
„Волците“ брзо дојдоа до предност од 1-0 со погодокот на Ларсен уште во 7. минута од средбата.
Во продолжението, Сити успеа да дојде до израмнување пред паузата со голот на Гвардиол во 33. минута.
Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, сепак Стоунс во петтата минута од судиското продолжение погоди со глава за триумф на Сити од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА