Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк, Дарио Срна, упати критики кон ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека, според него, нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната.
Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и да се увери во условите во кои функционираат клубовите во оваа земја, притоа нагласувајќи дека ФИФА не презела ништо за да им помогне на клубовите откако започна војната меѓу Русија и Украина.
„ФИФА е бизнис“, рече Срна.
Ова беше вовед во излагањето во кое поранешниот хрватски фудбалер направи споредба меѓу Инфантино и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Според Срна, Чеферин е оној што ги штити интересите на клубовите и се обидува да го направи фудбалот достапен за сите, а не само за богатите. Срна тврди дека, од почетокот на војната, ФИФА не направила ништо за да им помогне на украинските клубови, поради што го покани Инфантино да ја посети Украина.
А додека Инфантино не го стори тоа:
„Дотогаш, немам никаква почит ниту кон него, ниту кон кој било друг во ФИФА“, вели Срна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
