Српското фудбалско првенство продолжува на 18. мај?

Фудбалот кај северниот сосед се враќа на средината од следниот месец. Линглонг Супер лигата на Србија најверојатно ќе продолжи на 18.мај, неофицијално дознава „Арена спорт“, телевизискиот спортски канал кој ги има и ТВ правата за пренесување на натпреварите. Мерките за заштита од пандемијата на коронавирусот се олабавени и во Србија и се чека конкретна дозвола за продолжување на шампионатот. Клубовите ќе добијат можност за групни тренинзи од 4.мај.

Се уште не е познато дали ќе се доиграат и преостанатите четири кола од регуларниот тек од првенството или веднаш ќе се пристапи кон планираниот втор дел, разигрување во плеј-оф и плеј-аут лига.

По 26 одиграни кола, Црвена Звезда е лидер во шампионатот со 69 бода, 11 повеќе од Партизан.

„Арена спорт“ ги има ТВ правата и за пренесување на Првата фудбалска лига на Македонија. Засега нема информација кога би можел да продолжи македонскиот шампионат.

 

 

Се вчитува...