Светското првенство на ФИФА, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, официјално стана најпосетеното во историјата, објави ФИФА.
Имено, рекордот поставен на Светското првенство во 1994 година во САД беше соборен, кога речиси 3,6 милиони гледачи ги гледаа натпреварите од трибините.
Новиот рекорд беше потврден за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Радерфорд, кога стадионот објави дека вкупниот број на гледачи достигнал 3.605.357.
3,605,357@FIFAWorldCup 2026 is the highest attended tournament in history! 🤩 pic.twitter.com/ieDaDMJb3b
— FIFA (@FIFAcom) June 25, 2026
До крајот на првенството остануваат уште 48 натпревари, па затоа е сигурно дека конечната посетеност ќе биде значително поголема од новиот рекорд.
ФИФА наведува дека просечната посетеност на стадионот е повеќе од 99%, што го потврдува големиот интерес за првото Светско првенство на кое учествуваат 48 репрезентации.
Сепак, новиот рекорд треба да се гледа и во контекст на проширениот формат на натпреварувањето. На овогодинешното Светско првенство учествуваат 48 екипи, а досега се одиграни 56 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
