Стадионите во Премиер-лигата и натаму ќе останат празни

Временска рамка за тоа кога навивачите би можеле да се вратат на премиерлигашките стадиони воопшто и не постои. По одложувањето на одлуката за користење на дел од стадионите за навивачи од 1. октомври, а со оглед на драстично влошената ситуација со коронавирусот во Англија и во Велика Британија воопшто, владата не ја разгледува опцијата за враќање на публиката на спортските настани. Но, од таму велат дека ќе биде искористена првата прилика за навивачите да се вратат на стадионите.

„Ќе ја искористиме првата можност за да дозволиме враќање на навивачите. Но, тоа мора да биде направено внимателно и без да се направи здравствен проблем. Свесни сме за значењето на тоа да има навивачи на терените и за сите финасиски последици предизвикани од празните трибини, особено со одложувањето на одлуката за враќање на 1.октомври. Аргументите сепак се јасни. Во време на рапидно зголемување на инфекцијата нема простор да се прават вакви проценки“ – велат од Владата.

Владата е под голем притисок од клубовите кои се соочуваат со огрмни загуби поради тоа што не можат да продаваат билети и да имаат приходи на денот на натпреварите. Бурни беа реакциите по одлагањето на одлуката на почетѕокот од овој месец.

 

Се вчитува...