Стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ финишира со подготовките за европски натпревари

Поради неопходноста најголемиот македонски стадион „Телеком арената“ да биде затворена за натпревари во летниот период поради финалните подготовки за Супер купот 2017, домашните екипи кои ќе играат на европската сцена ќе мора да бараат алтернативни терени за игра.

И, иако тоа апсолутно не е обврска на ФФМ, и Фудбалската федерација на Македонија со желба да излезе во пресрет на екипите кои ќе играат во квалификациите за ЛЕ, интензивно финишира со подготовка на централното игралиште на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот Куќа на фудбалот.

foto na den

Како што информираат од ФФМ наскоро ќе биде поставена и тревнатата подлога на стадионот согласно најмодерните европски текови, со што, дополнето и со ВИП просторот и соблекувалните, ќе се добие соодветен терен прифатен и од УЕФА за квалификациските натпревари за двете европски клупски натпреварувања.

Се очекува, согласно најавите, Работнички доколку обезбеди европска виза да ги игра своите натпревари на игралиштетот на ФФМ. Вардар бара алтернативни терени и во Софија и Ниш, додека меѓу можните стадиони на кои би ги играла своите натпревари Шкендија се спомнува и оној на ФК Скендербег во Корча, Албанија.

Се вчитува...