Станојковиќ добитник на наградата за животно дело на СИМПОСАР 2026 во Сараево (ВИДЕО/ ФОТО)

Македонската фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ е добитник на наградата за животно дело на годинашнто издание на СИМПОСАР 2026 во Сараево, БиХ.

СИМПОСАР е најголемата спортска меѓународна конференција во регионот, но и пошироко, но и една од најважните платформи за размена на знаења, искуства и деловни можности во Југоисточна Европа. Од своето основање во 2011 година, Симпосар ги собира врвните спортисти, тренери, спортски директори, претставници на клубови, федерации, меѓународни организации, компании и медиуми од повеќе од 20 земји од целиот свет. Преку панели, предавања и отворени дискусии, учесниците разменуваат искуства, презентираат најдобри практики и заедно ја обликуваат иднината на спортот.

Оваа година се одржа 15-то издание на СИМПОСАР на кое Станојковиќ ја доби престижната награда за својот учинок како фудбалер на Вардар и Партизан, но и член на југословенската репрезентација на крајот од деведесеттите години на минатиот век.

Посебно внимание привлече токму панелот посветен на легендите на поранешниот југословенски, на кој говорник беше токму Вујадин Станојковиќ, заедно со Вахид Халилхоџиќ, Блаж Слишковиќ и Томислав Ивковиќ.

Станојковиќ зборуваше за своите години во Вардар и репрезентацијата, како и соработката со Ивица Осим. Ивковиќ се потсети на одбранетите пенали од Марадона, но и на тешкиот пораз од Динамо во Мостар од 9-2, додека Бака и Ваха зборуваа за Вележ, финалето на Купот против Железничар и соработката на теренот.

Се вчитува...