Стара школа – час по кошарка на Двејн Вејд (ВИДЕО)

36-годишниот Двејн Вејд беше во втор план сезонава во редовите на Мајами, за да ‘експлодира’ во плеј-офот.

Популарниот „Флеш“ потсети на своите најдобри МВП денови и со 28 поени за само 25 минути на паркетот му донесе на Мајами „брејк“ во Филаделфија и израмнување на 1-1 во серија.

Вејд, кој во претходните десет средби имаше просек под 10 поени, синоќа погоди 11 од 16 шута од игра, дополнувајќи со седум скока, три асистенции и две украдени топки.

„Тоа ми е ДНК. Ја обожавам оваа фаза“ – рече Вејд.

Се вчитува...