„Старата дама“ е премоќна за Несторовски и Палермо… (видео)

Јувентус, сепак, е премоќен за тимот на Палермо. „Старата дама“ во првиот натпревар од 25. коло во Серија А славеше лесна победа против составот на Илија Несторовски од 4-1.

Домашните уште во 13. минута ја најавија победата со голот на Маркизио, за да пред полувремето веќе биде 2-0 по прекрасниот погодок на Дибала во 40. минута.

Во второто полувреме стрелаше и Игуаин во 63. минута, а Дибала со својот втор гол во 89. минута донесе 4-0. Чочев во 93. минута погоди за гостите за конечни 4-1.

All Goals & Highlights HD – Juventus 4-0… by arcturusmedia33

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Палермо, но не успеа да се најде во посериозна можност за затресување на противничката мрежа. Александар Трајковски, пак, остана само на клупата за резервни фудбалери.

По овие три бода, Јувентус сега има 63 бода, осамен на лидерската позиција, со десет бода предност во однос на второпласираната Рома.

Се вчитува...