Лацио е победник на Суперкупот на Италија триумфирајќи против шампионот Јувентус со 3-2 вечерва на Олимпискиот стадион во Рим, во повеќе од драматичен натпревар кој беше решен буквално во последните секунди.
„Лацијалите“ сосема заслужено стигнаа до триумфот, иако многу лесно можеше да се случи и да им ја остават готовата победа на „црно-белите“.
Лацио имаше предност од 2-0 со головите на Чиро Имобиле во 32. минута од пенал, и во 54. минута.
Но, Јувентус се врати игра во самиот финиш со двата погодоци на Дибала 85. минута и 91. минута од пенал. Сепак, првиот трофеј сезонава да оди кај „небесносините“ се погрижи Алесандро Мурџиа со голот во 93. минута.
Alessandro Murgia Goal HD – Juventus 2-3 Lazio… by FootballHD7
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА