„Старата дама“ се заљуби во Тони Крос: Дава 70 милиони евра за да дојде во Торино

Италијанскиот првак Јувентус го продаде својот дефанзивец Леонардо Бонучи на лутиот ривал од Серија А, Милан, но раководството на клубот од Торино продолжува со своите планови за овој летен преоден рок. Тренерот Масимилијано Алегри сака да го има Тони Крос, германскиот интернационалец од Реал Мадрид, во својот состав, а раководството на „бјанконерите“ ќе понуди 70 милиони евра.

Алегри сака комплетно нови решенија во средниот ред, откако веќе го ангажира Даглас Коста од Баерн Минхен како позајмен играч, а го „напаѓа“ и Федерико Бернардески, офанзивниот играч за врска на Фиорентина. Со евентуалниот ангажман на Тони Крос, плановите на Алегри во целост би биле реализирани. Но, прашање е дали „кралскиот клуб“ ќе се сложи да го продаде својот важен играч од маневарот.

Се вчитува...