Стартен состав на Македонија: Милевски се одлучи за деби на Деспотовски во Астана!

Селекторот Благоја Милевски, го одреди стартниот состав за мечот со Казахстан, во рамките од 4. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

На ова второ гостување во квалификациите, Милевски се одреди да ја смени формацијата за разлика од мечот со Белгија, и да направи неколку замени. Можеби најголемото изненадување е Стефан Деспотовски на позицијата десен бек, кој што ќе го има своето деби во националниот тим.

Шанса во првиот состав добиваат и Дарко Чурлинов и Александар Трајковски, кои беа на клупата на првиот меч.

 

Се вчитува...