Стартот на Серија А повторно под знак прашалник: Нов фудбалер на Торино позитивен на Ковид-19

Продолжувањето на Серија А повторно е доведено под знак прашалник, откако Торино потврди дека има нов фудбалер позитивен на Ковид-19.

Сето тоа ги наведува здравствените власти во Италија да веруваат дека има се уште можност за сериозно ширење на вирусот меѓу спортистите, поради што се несигурни околу враќањето на спортските активности. Од Торино не го соопштуваат името на фудбалерот, но наведуваат дека немал контакт со останатите членови на тимот.

„Фудбалерот е асимптоматичен, и веднаш беше ставен во карантин“ – се вели во соопштението од клубот.
Властите во Италија сметаат дека ако се појави еден позитивен од коронавирусот целиот тим треба да оди во изолација. За разлика од Германија каде е предвидено само играчот кој ќе биде позитивен да биде во карантин.

Се вчитува...