Стартува Европското првенство во одбојка: Комплетен распоред на натпреварите на „спартанците“

Македонската одбојкарска репрезентација денеска преку натпреварот со Финска од 18 часот го стартува своето второ учество на собирот на најдобрите селекции на Стариот континент.

По она деби-учество пред две години во Словенија, македонските „спартанци“ сега далеку поискусни веруваат дека може да дојдат до осминафиналето на шампионатот што би претставувало одличен успех.

Во седум дена одбојкарската репрезентација ја очекуваат пет натпревари во групата. Покрај денешниот со Финска, потоа следат дуелите со Холандија (3. септември), Турција (5. септември), Шпанија (6. септември) и Русија (8. септември). Сите натпревари ќе бидат пренесувани на првиот канал на Македонската телевизија.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕП 2021:

Се вчитува...