Стартуваа и тактичките подготовки – Во тотална офанзива против Гибралтар (ВИДЕО)

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Со денешниот утрински тренинг на „Викторија стадионот“ во Гибралтар стартуваа всушност вистинските подготовки на македонскиот национален тим за дуелот со земјата од југот на Пиринеите.

Селекторот Игор Ангеловски активираше комплетно техничко-тактички тренинг за репрезентативците преку кој се креира ритамот за натпреварот кој не очекува во четврток. Сосема е јасно дека Македонија ќе настапи во тотално офанзивна тактичка определба во желбата да се стигне до триумф против аутсајдерот.

Иако остануваат уште неколку дилеми околу почетниот состав, сепак е јасно дека комплетно напаѓачки ќе се настапи од почетните минути во обидот за лесно стигнување до посакуваните три бода…

Се вчитува...