Стартуваше Дакар 2021 – Ал Атијах најдобар на 11 километарскиот пролог

Катарецот Ал Атијах триумфираше на премиерниот пролог на најновото издание на рели трката Дакар која годинава се вози во Саудиска Арабија. Тој 11 километарскиот пролог кој се возеше во Џеда го помина за време од 13:36.00 минути, што беше за 8 секунди подобро од второпласираниот домашен возач Ал Раџи.

Третото место му припадна на Полјакот, Пржигонски кој доцнеше 12 секунди зад времето на победникот. Себастијан Лоеб прологот го заврши со негатива од 17 секунди, додека најтрофејниот возач на релито, Стефан Петерхансел доцни 19 секунди исто колку и Нани Рома.

Во конкуренција на мотоциклисти победата му припадна на Американецот Брабек, кој заврши пред Бареда Борт од Шпанија и Австралиецот Сандерс.

Се вчитува...